Три повредени лица во две сообраќајни незгоди

Објавено на 11 мај, 2021 во 12:11

Првата сообраќајна незгода се случила  на автопатот Неготино-Демир Капија, околу 13:15 часот, вчера. Кога патничко моторно возило „мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ 38 години, од Скопје, излеталот надвор од коловозот. Во сообраќајната незгода возачот се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде бил прегледан и каде што му биле утврдени здобиените повреди. На местото на незгодата бил извршен увид.

По два и пол часа,  сообраќајна незгода се случила и на регионалниот пат Кавадарци- село Росоман помеѓу патничко возило „ланча“, со кавадаречки регистарски ознаки и трактор „ИMT 533“ исто така со кавадаречки регистарски броеви. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Б.К 67години додека со лесни телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „лонча“, 58 годишната Г.М од село Ресава. Повредените се констатирани во Општа болница Кавадарци од страна на лекари.  На местото на незгодата бил извршен увид.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.