Тројца велешани физички нападнале скопјанец
Објавено на 10 октомври, 2022 во 10:06
Дваесет и осум годишниот П.Н од Скопје на улица „Димитар Влахов“ во Велес бил пресретнат од А.С, Н.С и М.М сите од Велес, при што А.С и Н.С физички го нападнале и употребиле тврд предмет додека М.М му го одземала мобилниот телефон. Според пријавеното во Министерство за внатрешни работи во нападот биле приклучени уште неколку лица.
Полициски службеници во 21:10 часот го лишеле од слобода дваесет и шест годишниот А.С постапувајќи по пријава добиена од скопјанецот. Немилиот наста на случил во саботата, на 8 октомври.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи поднесок.