Уапсен возач во Кавадарци со 1,81 промил алкохол

Објавено на 21 октомври, 2025 во 12:30

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера, 55 минути пред полноќ на улица „Северен булевар“ го лишиле од слобода четириесет и девет годишниот К.Б од Неготино.

-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „сузуки“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Оттаму додаваат дека тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно
документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.