Ученици од основните училишта го одбележаа почетокот на „Европската недела на спортот“ во градски парк Велес (фото+видео)
Шеесетина ученици од основните училишта „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“ од Велес, денеска, заедно со тимот од тенисерски клуб „Борец“, во градскиот парк, преку спортски игри и взаемно дружење го одбележаа почетокот на Европската недела на спортот.
Сите ученици беа поделени во четири групи и имаа можност да играат тенис, фудбал, да возат велосипеди на новата pump или скокачка патека и да вежбаат на фитнес справите поставени на почетокот од градскиот парк.
Пред самиот почеток на спортските игри учениците ги посетија и просториите на Младинскиот центар коишто се наоѓаат во градската библиотека „Гоце Делчев“ кадешто им беа најавени активностите за европската недела на спортот и им беше објаснето што претставува младинскиот центар и кои можности ги нуди истиот за младите во градот.
Стефани Манева