Украдени седум лап топ компјутери од канцелариите на „Донирај компјутер“ во Кавадарци
Објавено на 29 август, 2023 во 14:37
Од Здружението на граѓани „Донирај компјутер“ коешто се наоѓа на улица „Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци, вчера, на 28 август, биле украдени седум лап топи како и делови за конпјутери.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека случајот во ОВР Кавадарци е пријавен на 28 август во 14:00 часот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Стефани Манева