В.Д директорката на ООУ„Тодор Јанев“ од Чашка повторно огласи потреба од работници во училиштето, сега бара наставник и по албански и по турски јазик
Општинското основно училиште „Тодор Јанев“ од Чашка прима на работа наставник по одделенска настава на албански јазик, професор по турски јазик, одделенски наставник,наставник по физичко воспитување,готвач, чувар и хигиеничар на производствени работни простории. Огласите за прием на работа за сите седум работници, вчера, 15 декември објавени се на интернет страната на Агенција за вработување. Според објавата на оваа страница огласите траат два дена и само кај потребниот наставник по албански јазик пишува дека е за девет месеци.
Како што пишува на страницата на Агенција за вработување огласите се објавени и во два весници „Нова Македонија“ и „Лајме“ во вчерашните изданија.
Вршителот на должност директорка Елена Николова не одговори на телефонските повици на Дума.мк за да одговори на новинарските прашања за каков вид на вработувања станува збор. Поточно дали дел од нив се поништени и повторно се огласуваат а дел се нови и кои се причините за поништените огласи.
Советот на родители денеска потврди дека ги виделе објавените огласи на интернет страницата на Агенција за вработување. Претседателката Цвета Пешевска рече дека ова училишно тело не е информирано за огласите како и дека ова е постапка по извршена контрола од страна на Трудова инспекција.
„Станува збор за повторно објавување на шестте огласи за вработување на наставници и технички персонал со тоа што сега, седмиот, во кој се огласува потреба од професор по турски јазик е нов. Немаме информации за каде се бара ангажирање на овој професор, бидејќи нема потреба во ООУ „Тодор Јанев“. Огласите се објавени откако ние поднесовме преставка во Трудов инспекторат чии инспектори извршија увид и констатираа грешки во водењето на постапката за отворање на нови работни места во училиштето. И повторно директорката не прескокна во постапката, значи ние не сме информирани. Прашав и дознав дека повторно не е информиран и Училишниот одбор со претседателката Маја Петровска, додаде Пешевска.
Според Пешевска, Училишниот одбор ќе чека да го види епилогот од објавените огласи и повторно ќе ги обжали. Во нивната прва претставка до Трудовиот инспекторат освен на не информираноста тие се жалеле и на не почитување на Закон за работни односи и на Закон за основно образование.
Убавка Јаневска