Валандовчанец возел по автопат со 3.53 промили алкохол во крвта
Полициски службеници од ОВР Неготино, вчера вечер во 23: 00 часот, го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Тој еден час претходно, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, со патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот.
Полицијата М.Б го затекнала во неконтактибилна состојба и при укажување на помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што биле лишен од слобода.
„За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против М.Б ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска