Велешки комарџија заработи кривична пријава!
Објавено: 12 декември, 2012, во 19:44 часот
За кривично дело „Комар“ се товари велешанецот Г.Т. (41). Тој како газда на ТП „Роџер“ неовластено организирал забава со игри на среќа и комар за велешани.
Полициските службеници во помошната просторија која била одделена од главната во фирмата пронашле два покер апарати во контролата која ја извршиле пре една недела. Велешанецот немал уредна документација за апаратите „Мулти гејм“ и „Милти гампер“ па поради ова инспекторите го теретат за нелегално поседување. Ова е доволна причина за тој да заработи кривична пријава од велешката полиција.




