Тристa и десет потписи за една недела од велешани за евтина струја
Велешани се разбудија. За една недела 310 граѓани го дале својот глас за враќање на дневната ефтина тарифа на струјата.
Во подрачната единица на државната изборна комисија каде се собираат потписите секојдневно пристигаат луѓе кои се гневни на се повисоките сметки за струја.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=WQYTLtMz3IQ{/youtube}
„Сакаме да се врати евтината струја од 13 до 15 часот, тогаш би било многу подобро. Сега жените се на скапа струја го прават руцекот. Многу јасно дека ја поддржуваме иницијативата“, велат велешани.
На бројот собрани постписи задоволни се од Здружението за социјална правда „Ленка“ кое е поддржувач на АМАН кој ги собира потписите. Велешките членови на „Ленка“ велат дека само на овој начин нивните сограѓани достојно ќе дадат придонес во реализација на акцијата за враќање на евтината.
„Го почитуваме секој граѓанин што го дал својот постпис и на овие поларни температури свесно и без никаква присила и политички притисоци се одлучил на тоа. Секако дека сме задоволни. На овие минус 20 степени, единствено тријат раце оние кои заработуваат од студот и бедотијата на народот“, вели Игор Смилев, член на Ленка.
И покрај тоа што велешани не протестираа како што тоа беше случај во дел од останатите градови, од АМАН овојпат се уверени дека ја имаат големата поддршка во градов.
„Ние не само што веруваме туку и точно го знаеме историскиот револуционерен дух на градот, така што присеќавајки се на Гемиџиите и уште многу револуционерни имиња кои овој град ги дал сметаме дека ова е модерно време и револуциите се на еден поинаков начин, но сепак ова е револуција. Сепак ова е време за раволуција и токму за тоа сметаме дека велешани ќе останат достојни на својот дух и дека ќе излезат во што е можно поголем број“, вели Татјана Ефтовска, член на АМАН.
Инаку секој потпис е дел од потребните 10 илјади за измените на законт за енергетика да велзе во собраниска процедура. Со ова освен што ќе се врати дневната евтина струја, и исклучените од топлификација нема да плаќаат за парно. Од АМАН веруваат дека ова ќе биде тест за пратениците дали се за народот, бидејќи секој нивен глас ќе заначи спречување на сиромаштијата на граѓаните.