Воопшто не е лесно да се лови риба во зимски услови!
И на ниски температури за подобар улов е потребен колтук.
Рибарството е традиционално хоби на повеќемина велешани. Кога се слуша нивната приказна се добива впечаток дека седењето или стоењето покрај река и држењето на трската во раце е лек за душата. Тогаш и мислата е слободна, човек без оптеретување размислува за многу работи, рекоа рибарите кои секојднево ловат риба на кејот на Вардар кај Мало мовче.
Додека едни се на брегот други рибари прават колтук. Ваква беше сликата во средата кога наспроти нив спортските риболовци во Вардар пуштија 200 килограми млад крап. Двајца храбри велешани влегуваа и излегуваа од вода се додека не го направија колтукот или браната на која може да се распне рибарската мрежа.
За многумина граѓани, случајни минувачи, глетката беше храбра бидејќи надвор од водата температурата едвај да изнесуваше неколку степени над нула.
