Исчезна велешанецот Петар Балов,семејството бара помош од граѓаните!
Објавено на 4 февруари, 2013 во 09:33
Седумдесет и осум годишниот Петар пред пет дена околу 16 часот излегол од дома и повеќе не се вратил.
Старецот на себе носел црна јакна и црни кондури, бил обчелен во плави фармерки и буза. Вообичаено носел и црно капче со козирка.
Семејството го пријавило исчезнувањето на Балов во полиција. Бидејќи бил рибар веќе се пребарани бреговите на река Вардар во градот и низводно до Кланица. Откако во изминатите неколку дена не успеале да го пронајдат сега роднините бараат помош од граѓаните. Во колку биде забележан информации можат да се соопштат на тел 076/545 – 699.