Не патувајте од Скопје кон Велес ако немате итна потреба, има одрон на патот!
Грамада карпи паднала на асфалтот, сообраќајот е запрен уште кај Катланово. Механизација на подружниците на Македонија пат од Петровец и Велес тргна да го расчистува автопатот.
Одрон на камења кај манастирчето Св.Јован го блокираше попладнево сообраќајот на автопатот Катланово – Велес. Се случил околу 15 часот и содаде големи проблеми велат за Дума.мк патници кои се нашле на местото на одронот.
„Едвај успеавме да поминеме. Јас бев во автобус, но возилата после мене останаа заглавени. Полицијата мора да ги враќа назат, вели патник.
Ова го потврдуваат и од претпријатието за патишта Македонија пат.
Еден багер од Петровец веќе тргнал на расчистување, а уште еден сега ќе се упати од Велес кон местото на одронот.
Но, точно колку време ќе трае расчиствањето сеуште не се знае, а предвидувањата се дека можеби сообраќајот слободно ќе се одвива дури после два часа.
Инаку во моментов полицијата веќе го регулира сообраќајот и уште кај Катланово ги пренасочува возилата по алтернативни патишта. Од таму апелираат оние кои немаат итна потреба да не патуваат од Скопје кон Велес.