По четири часовен прекин, пуштен е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес!
Објавено на 14 февруари, 2013 во 20:06
Делумно е отстранет одронот од карпи на автопатот Скопје – Велес.
Оспособена е една коловозна лента на патот по која сообраќајот почна да функционира вечерва, во 21 часот.
Возачите ноќва треба внимателно да возат, велат од ЈП „Македонија пат“.
Механизацијата на подружниците Петровец и Велес ќе остане на патот.
Утре ќе продолжи расчистувањето на автопатската делница.
Карпите на патот се одронија околу 15.30 часот, во близина на манастирот „Свети Јован“ и целосно го парализираа сообраќајот.
На патот се создадоа долги колони од возила./Е.Н