Велес: Тројца кандидати за градоначалник и шест листи со кандидати за членови на Советот на општината!
Здружената опозиција, предводена од СДСМ, остaна на ставот за бојкот на изборите.
Тања Петровска од Социјал Демократската Партија нa Македонија, Марјан Спасовски од Социјал Демократскaта Унија и Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери, се трите кандидатури за градоначалник на Велес.
До саботата на полноќ во Општинската изборна комисија во Велес има поднесено шест листи со кандидати за членови на Советот на општина Велес.
Првта е на ВМРО ДПМНЕ со коалициските партнери, втората ДОМ, третата на ДПА, четвртата на ДУИ, петата на СДУ и шестата на Титови леви сили.
Здужената опозиција до ноќва на полноќ не ја поднесе кандидатурата на Аце Коцевски за градоначалник на Велес ниту кандидатската листа со членови за Советот на општината. Тие останаа на ставот за бојкот на локалните избори закажани за 24 март, годинава./Б.Н