ДОМ : Зелена економија за здрав живот!
На престојните локални избори партијата на зелените, ДОМ од граѓаните ќе ја бара довербата со мотото „Избери зелено – диши слободно“. Зелените денеска од Велес ја почнаа изборната трка.
Така одлучиле затоа што велешани се докажаа како истрајни борци за здрава животна средина.
Во програмата на партијата има четири приоритети, рече претседателката Лилјана Поповска.
„Првиот приоритет е зелени општини за здрав живот, вториот зелена економија за зелени работни места, третиот социјална правда и еднакви можности за сите, за мажите и жените и четвртиот приоритет е толеранција, разум и соработка.“
Зелените порачаа дека граѓаните треба да и веруваат на зелената економија како опција која нуди еко туризам и производство на здрава храна, разни мали и средни бизниси кои нудат егзистенција, како и искористување на обновливите извори на енергија.
Стевче Дечев е носител на листата со 23 кандидати за членови на Советот на општина Велес.
„Направивме спој на луѓе кои имаат искуство во облчастите енергетика и екологија, со луѓе од образованието, од невладиниот сектор,од медиумите. Дел од овие луѓе студираат ИТ технологија, а дел се или биле активни во технолошките развојни процеси.“
На престојните локални избори ДОМ поднесе 39 советнички листи со вкупно 723 кандидати за членови на советите на општини во Македонија./Б.Н