Гранки кај мостовите во Велес,засега не се опасни тврдат надлежните!

Објавено: 6 март, 2013, во 15:05 часот

Поголема количина на дрвја и гранки донесе Вардар во Велес.

Ги натрупа пред еден од столбовите на мостот Гемиџии во центарот на градот а ги има и до столбовите на Стар мост.

Од локалната власт рекоа дека ја следат состојбата и засега не била алармантна како кај мостот на Башино село. Таму неколку пати се спроведе чистење.

„Чекаме да се намали водостојот на Вардар за да може во реката да влезе механизација која ќе ги отстрани гранките и дрвјата кои засега не преставуваат опасност за столбовите на мостот“, рекоа од општината.

Изминативе денови водостојот на Вардар беше голем а водата се излеа на неколку места по течението на реката како и во приградските населби.

Тогаш беа поплавени фолиите на градинарите во населбата Речани и кај железниот мост во градот. Тие денеска бараа да се погледне пустошот кој за себе го остави водата.

„Ран зеленчук нема да произведеме, водата се однесе,“рекоа повеќемина градинари од тој дел на градот.

Дел од нив воопшто не можат да влезат во градините бидејќи водата се повлече во речното корито но остави голема количина на кал. Ги прашавме дали поднеле барање за причинетата штета од поплавата а градинарите рекоа дека немаат намера бидејќи досега никогаш не добиле оштета од државата.

Надојдената вода донесе смет и на другата страна на брегот. Кај зградата на ХИВ, по коритото на реката на локација од паркот до железен мост е најзагадено со расфрлани пластични кеси и шишиња./E.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.