Стипендии и вработување за идните новинари и ПР – менаџери!
Високата школа за новинарство и односи со јавноста во велешката гимназија го презентираше проектот изрази се преку медиумите. Ова е петта година по ред како се реализра овој проект како конкурс наменет за средношколците.
Средношколци од целата земја можат да учевствуваат на конкурсот со видео материјал, фотографија или есеј на тема од актуелниот живот.
„Најуспешните матуранти ќе бидат наградени со целосни стипендии за студирање од етаблирани медиуми и компании и дополнително добиваат договори за вработување по завршувањето на студиите, а училиштата и средношколците со лаптоп, камера или фотоапарат“, рече Дејан Андонов, Висока школа за новинарство и односи со јавноста.
Тема на конкурсот е можеш да придонесеш, активирај се и помогни во заедницата. Овој проект се реализра заедно со министерството за образование.
„Со проектот сакаме да ги охрабриме средношколците да дадат примери како најдобро можат да се вклучат и да помогнат во локаната заедница и тоа на ранливите групи на општеството, заштита на животната средина, промовирање на културното наследство, за почитување на културните различности меѓу младите луѓе“, рече Андонов.
Конкурсот ќе трае до 21 – ви април годинава, а наградените медиумски прозиводи ќе бидат објавени на повеќе национални и локални медиуми и интернет страници./Б.Н.