Чадиев: Подготвен сум заедно да создаваме нови дела!
Функцијата градоначалник ќе ја извршувам професионално и ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Велес, рече денеска Славчо Чадиев.
Тој очекува од досегашниот градоначалник Горан Петров примопредавањето на функцијата да се случи во најдоцна во понеделник, на 15 април.
Чадиев им се заблагодари на велешани за огромната поддршка од 18.059 гласови што му ја дадоа на 7 април, годинава во вториот круг на локалните избори и им вети дека ќе реализира се што ветил во изборната кампања.
„Ви ветувам посветеност и интензивна соработка со Советот на Општината и Владата на Република Македонија во остварувањето на нашата заедничка цел да донесеме подобар живот на граѓаните. Ние мора да бидеме сполтени и да работиме заедно. Тоа е патот до успехот, патот преку кој ќе обезбедиме напредок за нашиот град. Почитувани Велешани, тргнуваме со големи чекори напред. Подготвен сум заедно да создаваме и да градиме нови дела, нови дела за нови победи. Мојот збор го имате, јас никогаш нема да ја изневерам вашата доверба!“ рече на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев./Б.Н