Повторениот судски процес „Ореше“ не започна поради барањето за изземање на обвинителката

Објавено на 23 април, 2014 во 13:07

Изземање на јавниот обвинител Славица Темелковски во случајот Ореше побара денеска адвокатот на второобвинетите Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски за платеното убиство на старецот Лазо Милошевски. Тој се сомнева во нејзината објективност бидејќи била селективна во исказите на сведоците. Според адвокатот таа во предвид ги земала само оние искази кои нејзе и одговарале, додека врз другите вршела притисок.

„Таа била запозната дека Вељо Арсовски продавал оружје и има негово признание но против него не повела ниту постапка ниту обвинение. Додека за сведокот Златко Арсовски, каде што и одговара за давање лажен исказ подигнала обвинение. Тоа ни дава правоп да се сомневаме во нејзината објективност, рече Ѕвонко Давидовиќ.

Одбраната ги отфрли обвинувањата дека со ваквите постапки го одолговлекува судскиот процес. Тие само сакале да ги искористат сите законски прописи за судот да донесе правилна пресуда.

„Апсурдно е да се обвини одбраната за одолговлекување после 30 месеци поминати во притвор на моите клиенти. Ако некој може од ракав да донесе таква одлука и овие луѓе да лежат 30 месеци во притвор тогаш и ние можеме да ги искористиме сите правни и законски норми и да бараме изземање од оној кој не е објективен, рече Давидовиќ.

Инаку овој судски процес по четврти пат се најде пред основниот суд во Велес. Откако апелација ја укина ослободителната пресуда за првообвинетот Ѓоре Петровски и второобвинетите браќата Ѓорѓиевски. Претходно адвокатите на обвинетите побараа да се изземат судиите во случајот бидејќи учествувале во донесувањето на одлуките за продолжување на притворот на обвинетите, но тоа барање, беше одбиено. Судскиот процес продолжува на 14-ти мај, годинава./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.