Заштитениот сведок Бреза не се појави на главниот претрес
Се одложи судењето за обвинетиот Златко Арсовски, алијас Бреза, за случајот палетно убиство во велешко Ореше.
На главната јавна расправа денеска не присуствуваше обвинетиот поради здравствени причини. Неговиот адвокат Анѓеле Илиевски на судот му приложи болнички упат за да го оправда неговото отсуство. Отсутна на денешната расправа беше и јавната обвинителка Славица Темелковски. Таа оправдано не присуствувала на рочиштето бидејќи давала свечена заклетва во Скопје за нејзиниот реизбор на функцијата основен јавен обвинител.
Инаку Арсовски се товари за давање лажен исказ како сведок на случајот за убиството на седумдесет и три годишниот Лазо Милошоски. Најпрво тој во својот исказ рекол дека направил се како што му рекол првообвинетиот Ѓоре Петровски, односно пред полицијата кажал дека оквирите се фрлени и дека тие се симнале долу и ги барале но не нашле ништо. Потоа заштитениот сведок ја смени изјавата па рече дека со првообвинетиот не се слушнал една година и дека тој му помагал финансиски. Тој изјави дека Ѓоре не побарал од него да го изврши убиството ниту да им помогне на второобвинетите, браќата Ѓорѓиевски, да го сторат тоа.
Следното судско рочиште е закажано за осумнаесети јуни годинава./Д.С
