Осомничен ракувач на магацин на АРМ за кражба на куршуми

Објавено на 4 јуни, 2014 во 11:01

Кражба на 6.300 куршуми со калибар 7.62 за автоматска пушка кои служат за потребите на одбраната на државата е откриена во магацинот за оружје на АРМ, кај велешкото село Отовица. Кражбата била пријавена во велешката полиција. Полицијата спровела истрага и открила дека вработениот ракувач во магацинот ги крадел куршумите, во повеќе наврати во периодот од септември лани до март годинава. Полицијата против А.Д (41) ОД Куманово поднесе кривична пријава за  противзаконито располагање со доверено оружје.

„ Вработениот ракувач во магацинот во повеќе наврати изнесувал парчиња муниција во помала количина. При вршење на попис во магацинот констатирано е дека има недостаток на муниција и веднаш е пријавено во полиција,“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Осомничениот на местото на секој изнесен куршум ставал испукана односно празна чаура. Кумановецот со кражбите и нанел штета од 75.600 денари на Армијата на Република Македонија. Истрагата треба да покаже кому, по која цена и за каква цел биле продавани куршумите./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.