Приватните лекари бараат итна средба со министерот
Здружението на приватни лекари со реакции на упатствата за лекување што ги подготви министерството за здравство. Веднаш откако министерот ги објави протоколите за работа на лекарите, тие излегоа со став дека упатствата за лекување не се совпаѓаат со нивната практична работа. Приватните лекари урврдиле дека правилникот содржи препораки за употреба на лекови кои ги нема во државата.
„Верувајте ми, медицина базирана на докази или Кохран ако го прочитате нигде не пишува ампуларна терапија во прв ред. Имаме одредени лекови како на пример вакцината која што е за проливи не е регистрирана кај нас. Ако некој има воспален зглоб матичниот треба да направи интраартикуларна инјекција“, рече д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари.
За да се надминат недоразбирањата, од здружението бараат итна средба со министерерот за здравство.
„ Ние сакаме да почитуваме и протоколи и закони и се но ни фали една средба на највисоко ниво на која ќе ги усогласиме нашите ставови, за да не се доведеме во ситуација нашите пациенти да бидат незадоволни, рече д-р Чолакова.
Министерот за здравство Никола Тодоров вчера ги објави протоколите за работа на лекарите. Според нив пациентите ќе имаат еднаков третман без разлика кај кој доктор се лекуваат. Правилникот содржи и упатства за тоа кои лекови за секоја болест лекарите можат да ги препишуваат и строго да се придржуваат кон нив./Д.С
