Откриениот труп во Вардар е на изчезнатиот Зоран Петрушевски

Објавено на 16 јуни, 2014 во 12:26

Трупот кој беше изваден во близина на Јаниташ, островче во река Вардар, на јужниот излез од Велес е на педесет и пет годишниот Зоран Петрушевски од Стари град. Тоа го покажала обдукцијата на Институтот за судска медицина. Трупот бил предаден на семејството кое во саботата на гробиштата во село Стари град го погребале Петрушевски.

Неговите најблиски месец и половина се обидуваа да дојдат до информација поврзана со исчезнувањето на Зоран. Него го снема ноќта помеѓу 26 и 27 април, годинава. Последни го видоа соседите кај кој неколку часа пред да исчезне бил гостин. Наредното утро, во домот на Петрушевски, најблиските ги пронајдоа личните документи, новчаникот и парите. Во куќата не недостасуваше ништо а нејзиниот газда го снема.

Телото на Петрушевски во петокот попладне го исфрли водата во Вардар, во близина на Јаниташ./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.