Сообраќајките во пораст а во нив возачите се најчести жртви

Објавено на 4 август, 2014 во 12:00

Зголемен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи што се случиле на територијата што ја покрива велешката полиција. Во првите шест месеци од годинава животот го загубиле шест лица, едно повеќе од лани. Ова го покажува статистиката на министерството за внатрешни работи во анализата за безбедност на патниот сообраќај во државата.

Според извештајот, Секторот за внатрешни работи во Велес по првата половина од годинава се наоѓа на шесто место во државата. Од тогаш па се до сега се случиле вкупно 128 несреќи. Во нив се повредиле над 200 луѓе, а најголемиот дел од сообраќајките се случиле поради грешка на возачите. Како причина број еден за несреќите е неприлагодената брзина спрема условите на патот, додека оние кои седат зад воланот се најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот.

Според статистичките податоци, најмногу сообраќајки се случиле во населено место, додека далеку помалку се случиле на отворен пат.

Месец мај е најцрниот за учесниците во сообраќајот. Тогаш се случиле најмногу сообраќајни незгоди и тоа најчесто попладне од 14 до 16 часот, термин кој не е безбеден за управување моторно возило./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.