Повторно труење на бездомни кучиња со опасен отров

Објавено на 22 септември, 2014 во 14:42

Труењето на кучињата се случи во строгиот центар во Велес на улицата позади хотелот „Интернационал“. Граѓаните кои живеат во овој дел на градот пронашле отруен питбул. Тие велат дека отровот е фрлен ноќеска и од него ќе се отрујат и други бездомни кучиња а лесно може да дојде во допир со луѓе, особено деца.

Од здружението на граѓани „Обезбеди живот“ стравуваат дека станува збор за најтоксични отрови, од прва категорија. Кај нив реагирале граѓани кои биле сериозно загрижени поради угинатото куче и затоа што биле неинформирани за негативните последици од овие отрови.

„ Бараме потребни мерки на претпазливост, објавување на листи на супстанци кои се класификувани како високоризични според тоа и спроведување мерки за намалување на ризик од опасност при расфрлањето на овие материи кои содржат биоцидни состојки со многу отровно канцерогени и мутагени токсични за репродуктиувниот систем. Општината има голема одговорност при спроведување на активностите пропишани со законите, надлежности поделени според трите закони, закон за комунални дејности, закон за животна средина и закон за благосостојба на животните. Најмала концентрација на одредена токсична материја која во минатото се сметала за неважна сега  од клиника за токсикологија предупредуваат дека до 89 отсто е причина за зачестени канцерогените заболувања,“ нашишаа во денешната реакција од здружението на граѓани „Обезбеди живот“.

Од таму предупредуваат на ненаменско систематско злоупотребување на отрови, нехумана постапка, забранета со закон практика која претсатавува директен удар по безбедноста на граѓаните и како таква бара неопходно превенирање и санкционирање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.