Повторно измамени велешани за огревно дрво

Објавено на 2 февруари, 2015 во 12:19

Дваесет и четири годишниот Н.Н. од Велес измамил четворица сограѓани и успеал да им земе 16 илјади денари.  Измамата ја направил од декември лани до јануари годинава. Тој им се претставил како вработен во складот за дрва „Лајман дрва“ и им ветил дека ќе им донесе огревни дрва. Парите им ги зел како капар,  со договор дека остатокот ќе го исплатат откако ќе им ги донесе дрвата. При тоа тој  не им издал никаков дикумент, а порачаните дрва никогаш не им ги донел.

Првиот оштетен граѓанин му дал шест илјади денари за два метри кубни огревно дрво. За исто толку дрва вториот му дал седум илјади денари, третиот за еден кубик му дал две илјади и четвртиот за еден метра кубен дрва му дал илјада денари. Оштетените неколкупати оделе во складот и барале од пријавениот да им бидат донесени дрвата, но тој секогаш ги убедувал дека договорените количини дрва ќе им ги достави следниот ден. Според полициски информации, измамникот во складот бил ангажиран со повремени работни задачи да сече дрва за потребите на фирмата.

Во соработка со надлежното јавно обвинителство СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Н. за сторени четири кривични дела измама./Д.С

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.