Странски експерт и општината споделија искуства за борбата проив корупцијата

Објавено на 5 февруари, 2015 во 11:08

Полицијата, даночната служба како и службите за издавање на разни дозволи и лиценци се најподложни на корупција. Ова се искуствата на екпертот по корупција од Америка, др. Стјуард Гилман, кој денеска дојде во Велес да сподели информации за тоа како земјите во светот се борат и се справуваат со оваа проблематика. Тој посочи и необичен пример во Уругвај и Јужна Америка, каде корупцијата најмногу се среќава во службите за собирање на отпад.

„ Во суштина кога станува збор за борбата против корупцијата најчесто се мисли дека таа се води на централно ниво и дека од таму почнуваат сите заложби.  Но во реалноста токму градоначалниците и функционерите на локално ниво се тие што ги иницираат предлозите и  политичката волја за борба против корупција,“ рече др. Гилман.

Можностите за корупција во службите на општинската администрација во Велес се сведени на нула, тврди градоначалникот Славчо Чадиев. Според него борбата против корупцијата во општината е на највисоко ниво, почнувајќи од влезот на институцијата па се до последниот документ издаден на граѓанин.

„Начинот на работењето на општината е јавно објавен преку нашата веб страна, а презентиран е и пред меѓународни фактори.  Со оглед на тоа што секоја година даваме отчет за се што сме сработиле, може да се каже дека сме отворена и транспарентна општина. По овој принцип продолжуваме и во иднина. Општина Велес е позната по нулта корупција во Македонија,“ рече Чадиев.

Градоначалникот додаде дека сведена на минимум е и можноста за коруптивни елементи во процесот на јавните набавки. Тој тврди дека нема непосредни договарања ниту склучување тендери во четири очи, бидејќи  целокупниот процес го следи Бирото за јавнио набавки и тој е транспарентен и се реализира по електронски пат.

Работната средба на која се разменија искуства за борбата против корупцијата ја организираа Центарот за граѓански комуникации и општина Велес. /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.