Макрадули: Нема друг начин да се справиме со загадувањето освен со промена на изворите на затоплување
Во владиниот План за чист воздух освен градот Скопје опфатени се 16 општини во државата. Досега интервентни мерки Владата превзела во Битола, Тетово, Куманово, Кавадарци каде исто така се спроведуваат проекти за енергетска ефикасност и се интервенира преку поставување на нови топловодни системи. Вака одговори Јани Макрадули ,заменик министерот за заштита на животна средина на новинарско прашање што превзема државата за намалување на загадувањето во внатрешноста на Македонија ако се има во предвид дека вчера, среда 22 јануари во Велес се регистрирани скоро три пати повисоки вредности на ПМ 10 во воздухот од максимално дозволените концентрации.
– Нема друг начин да се справиме со загадувањето освен со изворите. Тоа е јадрото на Планот за чист воздух. Затоа ги превземаме активностите за промена на изворите на затоплување и разговараме за приоритетите во 2020 година. Владата се обврза дека до 2024 година нема да има јавна институција што ќе го загадува воздухот. Ако немате институции, објекти и куќи што загадуваат тогаш ќе нема зададување. Затоа цела држава е дел од проектот, рече заменик министерот Макардули.
Тој потенцираше дека Велес за разлика од останатите градови во државата има поразвиена еколошка свест па затоа очекува полесно справување со предизвиците./У.Ј