(ФОТО) „Е – база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“

Објавено: 30 јануари, 2020, во 16:56 часот

E baza1

За да не се повторува исти корисници да добиваат хумантарна или социјална помош од различни донатори, граѓанските органзации „Хаус оф хоуп – Ленче Здравкин“ и Фондација за локален развој демократја „Фокус“, подготвуваат „Е – база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“. Двете граѓански организации преку теренско мапирање ги прочистуваат постоечките списоци, бршат стари и евидентираат нови социјално немоќни семејства во општина Велес. 

Теренската работа во изминатите четри месеци во Велес воопшто не е едноставна.

lence fn

– Сите ние поседуваме списоци, како граѓански органзации, Црвен Крст, МПЦ, Евангелската црква, ИВЗ, со граѓани на кои им е потребна помош и често во нив ги има податоците на исти семејства. Значи на тие им помагаме што значи дека други, на кои исто така им е потребна помош, неа не можат да ја добијат. Затоа излеговме на терен и од куќа во куќа реалзираме теренско мапрање со кое ја гледаме реалната ситуација кому во моментов навистна му е потребна помош, рече Ленче Здравкин претседателка на граѓанската органзација „Хаус оф хоуп“.

По Велес, теренско мапирање ќе се спроведе во населените места Горно Оризари, каде живеат граѓани од бошњачка а од албанската заеднца во Бузалково. Теренската евденција ќе се внесе во електронска база на податоци што потоа ќе можат да ја користат како граѓанските организации така и Центарот за социјални работи и општината.

Ebaza3

Тоа е добра практика, констатраа на работната средба преставниците на граѓанските организаци, на МПЦ, Евангелската црква и ИВЗ.

– Многу е добар овој проект. Како Црвен Крст ние се ставаме на располагање како со споредба на податоците што ги имаме така и со логистичка поддршка на подмладокот и Активот на пензонерки. Го ставаме на располагање и нашиот простор, за акции за собрање на храна па и за дистрибуција до граганите на кои им е неопходна, рече секретарот Орце Нколовски.

orcebore fin

-Кога ќе маме таква е-база тогаш секој од нас што се бави со хумантарни помошти со еден клик ке може да види кому треба приоритетно да се помага, правилно да се распореди помошта за да не завршува постојано кај исти семејства, рече отец Боре секретар на Епархија Повардарска.

И донатори се заинтересирани за податоци од ваков вид во Велес.

E baza6

– Проектот е за поздравување. има многу граѓани што сакаат да донираат а не се сигурни каде им одат парите. Ќе се вклучме сите, едни со донирање и со собирање на донации, други со подготвување на оброци, трети со пакување, четврти со дистрибуција. Важно е да помогнеме, рече донаторот и угостител Трајче Мешков.

Ebaza 4

decata fin

Втората средба оваа фокус група ја договори штом заврши теренското мапирање. Тогаш ќе се превземат граѓански акции за собирање на храна, пакување диструбуција./У.Ј

Проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ е регрант на „ВСС ЕФЕКТ – Банка за храна“. Грантот е дел од неформалната мрежа за банкарство со храна ИПА-2017/394-257-БХМК, финансиски поддржан од Европската Унија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.