Снег на 1 април, годинава не е првоаприлска шега (ФОТО)
01.04.2020
Утрото со паѓање на снег на 1 април годинава е несекојдневна глетка која не потсети дека е вовозможно и во пролет да имаме зимски услови. Велес до пладне е под бела снежна покривка која единствено е закана за расцутаните овошки. Цветовите на кајсиите и сливите уште од завчера, по ниските ноќни температрури, делумно претрпеа штета. Дополнително снегот е потврда дека овие видови на овошја тешко дека ќе ги имаме во поголеми количини на трпезите.
На снегот утринава единствено му се радуваат децата. Тие не издржаа да доседат дома. На кратко излегоа надвор за годинава за прв пат да го почувствуваат ладот на снежните топки. Колку и да успеаја да ги направат големи тие се топеа во детските раце на кои имаше нараквици.
Фото галеријата од централното градско подрачје на Велес е снимена напладне.