Двајца граѓани во Велес и двајца во Неготино биле „ноќни шетачи“, во Кавадарци не излегол ниту еден за време на полицискиот час

Објавено: 2 април, 2020, во 14:39 часот

Velesnoke1 fin

2.04.2020

Само четири граѓани ноќеска не го почитувале полицискиот час и биле надвор од домот. Двајца се од Велес и двајца од Неготино. Нив полицијата ги открила на улица и ги привела во полициските станици во Велес и во Неготино. Против нив ќе бидат поднесени пријави до јавните обвинителства во Велес и во Кавадарци.

Само во Кавадарци немало „ноќни шетачи“.

Исто така се намалува и бројот на лицата што според препораките на министерството за здравство се во самоизолација поради епидемијата на „Ковид 19“.

Денеска во Велес се самоизолирани 57 граѓани, во Неготино 54 граѓани и во Неготино 16 граѓани.

Вкупно 127 граѓани се самоизолирани денеска на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи во Велес./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.