На Инфективната клиника во Скопје од „Ковид 19“ почина педесет и осум годишен велешанец
Објавено: 13 април, 2020, во 11:49 часот
13.04.2020
Маж на педесет и осум годишна возраст од Велес почина на Инфективната клиника во Скопје каде дваесеттина дена се лекуваше од коронавирусот. Тој е од првозаболените во градот од инфективното заболување.
Починатиот велешанец прво беше примен на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес од каде по четири дена, како итен случај со влошена здравствена состојба, беше испратен на лекување на клиниката во Скопје.
Според информации на министерството за здравство денеска освен велешанецот, битката со тешката инфективна болест ја загубија и еден прилепчанец како и двајца граѓани од Скопје.
Педесет и осум годишниот велешанец е вториот починат граѓанин на Велес./У.Ј


