Лишен од слобода кавадарчанец кој нападнал полицајци додека го легитимирале во полициски час, евидентирани 11 прекршители како и 80 граѓани во самоизолација во Велес, Неготино и Кавадарци
Објавено: 13 април, 2020, во 13:30 часот
13.04.2020
Дваесет и шест годишниот Ј.Т во петокот на 11 април бил запрен од страна на полициска патрола околу 20.30 часот на ул.„Глигор Прличев“ во Кавaдарци. Тој додека бил легитимиран,поради непочитување на забраната за движење, се однесувал агресивно и физички ги нападнал полицајците.
– Ј.Т. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во соопштението на Секторот за внатрешни работи Велес.

Од таму исто така денеска информираат дека во текот на четите изминати дена, од четврток 10 до понеделник 13 април, во кои меѓудругото траеше и продолжениот полициски час, него не го почитувале вкупно 17 граѓани. Од нив 3 се велешани, еден кавадарчанец и шестмина неготинци се движеле по улица наместо да седат дома на 10 кон 11 април. Во саботата на 11 и неделата кон 12 април СВР Велес евидентирала вкупно 11 прекршувања на воведениот продолжен 48 часовен полициски час кога вкупно 11 граѓани во трите општини, Велес, Неготино и Кавадарци, биле затекнати на улица без дозвола. Кон сите нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
За истиот временски период евидентирано е дека расне бројот на граѓани во самоизолација во трите општини Во Велес од 27 граѓани на 10 април до 46 граѓани денеска. Во Кавадарци од 15 граѓани бројот се искачи на 31 додека во Неготино од 8 на 11 граѓани во самоизолација.
Вкупниот број на самоизолирани граѓани во трите општини во четвртокот изнесува 50 додека денеска 88 лица./У.Ј



