Четири нови случаи на Ковид-19 или до денеска вкупно 40 на територијата на град Велес

Објавено: 16 април, 2020, во 13:09 часот

Centarzajavnozdravje fin

16.04.2020
Жена пензионерка, двајца сопружници на веќе заразени лица и едно од новоинфицираните лица што не е во никаква врска со претходно заболени велешани се четворицата денеска регистрирани новоинфицирани сограѓани на коронавирус во градот.

Жената е на 65 годишна возраст додека тројца мажи на 37, 40 и 57 години.

Еден од потврдените пациенти е тестиран во лабораторијата во Авицена, а останатите тројцата во микробиолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје.

Со денешните нови четири инфицирани сограѓани вкупниот број се искачи на 40 велешани позитивни на „Ковид 19“. Од нив двајца се излекувани, со фатални последици по животот завршија троца сограѓани додека 35 се лекуваат. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.