Тројца велешани се „шетале“ во полициски час, 41 се во самоизолација додека 74 лица во државен карантин во хотел крај Велес, соопшти полицијата
Објавено: 16 април, 2020, во 13:33 часот
16.04.2020
Тројца велешани не го почитувале воведениот полициски час од вчера попладне до утринава во 5 часот. Тие се единствени што се фатени и однесени во полициската станица во Велес. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава од страна на Секторот за внатрешни работи Велес.
Во Кавадарци и во Неготино вчера и ноќеска нема прекршоци од овој вид. Таму граѓаните си седеле дома.
Секторот за внатрешни работи Велес исто така информира дека во Велес од коронавирусот во самоизолација се 41 граѓани, во Кавадарци 31 граѓани и во Неготино 11 граѓани.
Во државен карантин има вкупно 102 лица, од кои во еден објект во Велес се сместени 74 лица, а во два објекта во Кавадарци 28 лица./У.Ј


