Тројца велешани се степале за време на полициски час
Објавено на 21 април, 2020 во 14:27
21.04.2020
Тепачката се случила вчера, на 20 април, околу 16.30 часот и во неа учествувале Ѓ.А.(32) од Велес, О.Ш.(20) и Д.Ш.(18).
Според соопштението на Секторот за внатрешни работи Велес по претходна вербална расправија Ѓ.А.(32) од Велес бил физички нападнат од О.Ш и Д.Ш.
-Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес..