Деноноќие без нов случај на „Ковид 19“ во Велес

Објавено: 23 април, 2020, во 12:04 часот

cetvrtok fin

23.04.2020

Во изминатите 24 часа не е регистриран нов случаj на Ковид-19 на територијата на град Велес. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 62 од кои 4 излечени, 3 смртни случаи и 55 активни, објави нафејсбук профилот Центарот за социјални работи.

Според податоците на министерството за здравство, денеска, на територијата на државата се регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови:

– Скопје -17
– Куманово -11
– Прилеп– 5
– Тетово – 3
– Кавадарци – 1
– Гостивар -1
– Крива Паланка -1
– Кичево -1
– Неготино -1.

Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.

/У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.