На Денот на полицијата, екипа на СВР Велес, контролираше, советуваше и делеше заштитни маски
7.05.2020
На Денот на македонската полиција вработените од Секторот за внатрешни работи Велес на плоштад „Сармаале“, во центарот на Велес, поделија заштитни маски, ги опоменуваа граѓаните и делеа совети за почитување на мерките за заштита од коронавирус.
-Одлучивме на нашите сограѓани и на учесниците во сообраќајот да им поделиме совети зошто треба да се носат заштитни средства во услови на епидемија на „Ковид 19“. Моите колеги од сообраќајната полиција им се обраќаа на возачите а јас на сограѓаните со цел да ги опоменеме и да влијаеме врз подигнување на јавната свет за лична заштита од опасното инфективно заболување. Исто така поделивме количина на маски, рече портпаролот Верољуб Додевски.
Велешани денеска генерално ја почитуваа мерката за носење маски иако беа забележани и сограѓани кои не се придржуваат на неа и не носат маски./У.Ј