Тројца велешани се новозаболени и петмина оздравени од Ковид 19
Објавено: 25 јули, 2020, во 15:58 часот25.07.2020
Новозаболените три велешани се евидентирани во последните 24 часа, во вкупната бројка од 137 нови случаи на ковид-19 во државата. Во вардарски регион има уште 3 новозаболени во Свети Николе.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти во Велес и 1 во Кавадарци како дел од вкупно 103 лица во државата. /У.Ј


