Седумнаесетта жртва на коронавирусот во велешко – почина велешанец на 65 годишна возраст
Објавено: 15 октомври, 2020, во 13:43 часот
15.10.2020
Велешанец кој вчера вечер беше префлен од Инфективно одделение на Општа болница Велес на Карил во Скопје поради дисекција на аорта со позитивен тест на Ковид-19 почина денеска. Тој имаше 65 години и е 17 жртва во велешко на коронавирусот.
Од велешкото Инфективно одделение по барање на семејството на лекување во приватната клиника „Жан Митрев“ е транспортиран и втор пациент на 58 годишна возраст.
Според д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес, денеска, на ова одделение се лекуваат вкупно 28 пациенти од кои 26 се позитивни на коронавирус и за двајца, со симптоми, се чекаат резултати од тестирање.
Од нив девет пациенти се на кислородна поддршка./У.Ј


