На инфективно во велешка болница, денеска, 29 пациенти од Ковид -19
Објавено: 16 октомври, 2020, во 17:26 часот
16.10.2020
Има денеска слободни 25 кревети на инфективното одделение во Општа болница Велес. Таму се лекуваат 29 пациенти од Велес и од вардарски регион.
Од вкупниот број на пациенти 27 се со позитивен тест додека двајца се сомнителни. За последниве се чекаат резултати од земен брис иако тие имаат симптоми на инфективното заболување. За едено лице е зголемен бројот на пациенти кои се на кислородна поддршка.

– Вчера беа девет додека денеска поради потреба од олеснување на дишењето апаратот за кислород го користат 10 пациенти, соопшти д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес./С.А



