Починат маж и зголемен број на болнички пациенти во Велес
1.12.2020
Вчера пред полноќ починат е маж од Велес, на 71 година, примен претходниот ден во тешка општа состојба со ниска сатурација на кислород. Тој не доживеал да го добие резултатот од тестот на коронавирус. Починал како не потврден на Ковид- 19.
Денеск во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 68 пациенти од кои 56 се позитивно потврдени , 7 сомнителни и 5 се со негативни тестови. Од клупниот број на болнички ковид пациенти 25 се на кислородна поддршка.
Исполнето до последно легло е Инфективно одделение. Таму се лекуваат 54 ковид пациенти. На Физикална 9 додека на Интерно 5 пациенти.
Денеска во велешка болница има слободни само 5 легла, наспроти вчерашниот ден кога имаше 12 слободни легла. Тоа значи дека има нови 7 ковид или пациенти со симптоми на коронавирус.
Стоилко Андреевски