Се намалува бројот на лежечки ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 10 декември, 2020 во 15:54
10.12.2020
Во велешка болница денеска се хоспитализирани вкупно 58 пациенти од кои 5 сомнителни, 51 потврдено позитивни и двајца негативни. Од вкупниот број 30 пациенти се на кислородна поддршка.
Дома си заминаа 8 излекувани пациенти со негативни тестови.
На болничко лекување на Инфективно сега се наоѓаат 46 ковид пациенти, на Одделението за физикална медицина и рехабилитација се лекуваат 10 додека на Интерно двајца веќе оздравени пациенти на кои сеуште им е потребна здравствена помош.
Стоилко Андреевски