(ВИДЕО) На нови 10 хектари од опожарена површина на езеро „Младост“ засадени уште 12 илјади садници

Објавено: 12 декември, 2020, во 15:21 часот

Poshumuvanje naslovna

12.12.2020

Во акцијата учествуваат над 200 велешани кои новите садници со багрем ги засадија на локации, над веќе зафатените садници од минатогодишната масовна есенска акција за пошумување на езерскиот брег. На нова парцела, долу, во подножјето на ридот или покрај патот, 40 веќе израснати стебла на високо квалитетни дрвја засадија членови на „Лајонс клуб“.

PoshumuvanjeVOJSKA fin

AKCIJASHI fin

Есенската масовна акција за пошумување траеше три часа. Во неа учествуваа граѓани, војници, пожарникари, акцијаши – ветерани, службеници, советници и раководни лица, претставници на граѓански здруженија, на Шумско стопанство ,,Бабуна“ и други почитувачи на природата и на здравата животна средина. 

PoshumuvanjeGajdoviKocik fin

Претходно шумарските работници од „Бабуна“ ја подготвија почвата за садење. Тие ги изораа браздите со што го подготвија теренот за засадување на вкупно 12.000 нови садници.

PoshumuvanjeVMRODPMNE fin

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денешната масовна акција ја оцени за успешна.

              

,,Акцијата помина успешно и уште еднаш велешани покажаа и докажаа дека само заедно и сплотено може да се направи општо добро за заедницата. Ништо не е поважно од здравјето на луѓето кое се постигнува со благородна работа. И во иднина ќе продолжиме да работиме заедно на обновување и зачувување на животната средина“, рече Градоначалникот Коцевски.

PoshumuvanjeKocevskiDecev fin

По Ротаријанската шума, брегот на езеро „Младост“, од денеска има и Лајонс парк засаден со висококвалитетни израснати дрвја купени од нивниот клуб како и со садници што ги финансираше од собрани средства на концерт македонско-американската асоцијација ,,Алумни“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.