Велешка болница доби донација од фирмата „Лутекс“
19.12.2020
Донацијата се состои од медицински потрошен материјал најпотребен во време на пандемија на Ковид-19 што фирмата Друштво за производство,трговија и услуги „Лутекс“ го произведува во погоните во Велес .
Велешка болница доби медицински 1.000 каљачи, 3.000 капи, скафандери, 5.000 заштитни маски, 1.000 хирушки мантили, како и друга заштитна опрема која што е произведена од најквалиетен материјал и е наменета за извоз за Германија.
„Икрено се надеваме дека со ова ќе придонесеме во надминувањето на КОВИД кризата во Велес, и воедно на сите пациенти им посакуваме брзо закрепнување, а на медицинскиот персонал добро здравје и добар старт во новата година,“ соопшти донаторот.
Од „Лутекс“ исто така порачаа дека во овие времиња на предизвици најважно е да останеме заедно и да си помагаме еден со друг.
Општа болница Велес , на својот фан пејџ на фејсбук, јавно се заблагодари за донацијата.
Убавка Јаневска