Почина 76 годишен маж на лекување 36 ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 24 февруари, 2021 во 12:55
24.02.2021
Во велешка болница починат е еден пациент на 76 годишна возраст, позитивен на корона вирусот, лекуван на Инфектино одделение 10 дена.
Во моментов во Општа болница Велес, хоспитализирани се вкупно 36 ковид пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и четворица се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 31 пациент, додека на Интерно одделение пет пациенти, од нив на кислородна поддршка се девет , соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева