СВР Велес: Регистриран само еден прекршок за време на полициски час во Велес
Објавено на 15 март, 2021 во 09:55
15.03.2021
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, евидентиран е еден велешанец. Полицискиот час е воведен од среда 10 март, годинава, во период од 22:00 до 05:00 часот.
Во изминатото деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 18 лица. Осум од Велес, еден во Кавадарци и девет во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
На подрачјето на Велес, спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на акохол. Регистрирани се 10 прекршоци и овие лица ќе бидат санкционирани со соодветни пријави.
Стефани Манева
