Мегданчани и оваа година традиционално го одбележаа „Чист понеделник“ но во услови на ковид – 19

Објавено на 15 март, 2021 во 14:07

Megdan

15.03.2021

Традиционално еден ден после празникот „Прочка“ во Велес, во месноста Мегдан, се прославува верскиот празник „Чист понеделник“. На овој ден се приготвува бел грав во кој се додава и црвена сува пиперка со што се одбележува почеток на четириесет дневниот Велигденски пост.

Годинава гравчето се подготви. Мегданчани не ги спречи ни пандемијата со корона вирусот не ги спречи да го одбележат овој празник но не како во претходните години. Поради забраната за групирање на повеќе од четири лица и мерките донесени од страна на Министерство за здравство, мегданчани го подготвија белото гравче и го поделија меѓу себе на начин што секој којшто сакаше да се вклучи во одбележувањето на оваа традиција си донесе од дома сад во кој вредниот кувар им подели по неколку лажици од тенџерето.

Инаку традиционално овој настан има домаќин и гости. Се организира на отворено, на ширинката на Мегдан. Таму се редат маси и клупи а веднаш до нив се ложи и огнот на кој со големо тенџере или казан се приготвува посниот бел грав. Штом е готов гостите ручаат а потоа го избираат домаќинот за наредната година.

Мегданчани се надеваат дека следната година корона вирусот ќе биде минато и ќе можат сите заедно го прослават овој ден.

Сепак да спомнеме и дека верскиот празник традиционално го прославуваат и жителите на велешко Башино Село.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.