Ученикот Петар Иванов и „Вики клуб“ од Велес наградени од Амбасадата на Руската Федерација
18.03.2021
Петар Иванов, член на „Вики клуб“ Велес е еден од вкупно петмината победници на уредувачкиот предизвик за членовите на Вики Клубовите на тема „Запознајте ја Русија”, организиран од страна на Амбасадата на Руската Федерација и Здружението на граѓани „ГЛАМ Македонија“.
Иванов е ученик во прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Тој е еден од четворочлениот тим на „Вики клуб“ Велес кој под менторство на наставник Лила Арсова изминатиот месец создаваа статии за Русија во кои пишуваа за историјата, географската местоположба, културата, спортот и на други теми. Тие со натписите се вклучија во уредувачки предизвик што Амбасада на Руската Федерацција ја организираше како натпревар.
Учесници кои земаа активно учество на овој уредувачки маратон од „Вики клуб“ Велес пишуваа под псевдонимите: Петар Барса, Вила Роса, Костовска и ГДимовска13.
Петар Иванов наградата ја доби од Амбасадорот на Руската федерација Н.Е Сергеј Баздникин во Музејот на македонската борба во Скопје на кои присуствуваше и Претседателката на Здружението Снежана Штрковска.
-Им честитам на сите членови на клубот што ме направија горд ментор, рече Лила Арсова.
Овој натпревар беше замислен да започне првично со обуки но поради состојбата со корона пандемијата тие не се организираа. Но напишаните вкупно 625 нови или преработени статии придонесоа да биде збогатена Википедија на македонски јазик која веќе брои над 11 илјади објавени текстови за Русија од страна на 20 млади уредувачи. Тоа ќе значи дека нив можат да ги чита секој што го знае македонскиот јазик.
Убавка Јаневска