(ВИДЕО) Физички напад од малолетно над малолетно дете во Велес
21.04.2021
Повторно брутален напад на дете над дете, овојпат на тротоар во Велес, што е снимен со мобилен телефон и јавно објавен на социјалните мрежи. Нападното е девојче во Велес на околу 12 годишна возраст од своја врсничка. Бруталниот напад во кој нападнатото девојче не може да се одбрани од својата врсничка се случил вчера попладне на тротоар на улица „Благој Ѓорев“, во близина на кулите кај Трговски центар во велешка Нова Населба.
Во присуство на деца на иста возраст случката започнува со вербално обраќање на девојчето кое ја напаѓа својата врсничка. Нападнатото девојче бара помош од својата мајка, преку мобилен телефон, што не предизвикува колебање кај девојчето кое напаѓа туку ја мотивира да продолжи со физички напад поточно прво со влече за рака, потоа со кубење на коса и удирање од земја . Потоа видеото прикажува како девојчето со тупаници продолжи да го удира по глава девојчето што е веќе седнато на земја, плаче и упорно бара помош од својата мајка. Додека се случува овој немил настан во исто време тој се снима и плачот на тепаното девојче се исмева од страна на присутните деца.
Ситуацијата ја спасува случајна минувачка, жена, која застанува во одбрана на нападнатото девојче.
Случката е пријавена во Полициска станица Велес . За неа ќе има официјално соопштение од Секторот за внатрешни работи Велес првично информира портпаролот на Верољуб Додевски.
Видеото веќе го виделе и стручните работници на Центарот за социјални работи во Велес.
12 годишно девојче од Велес нападнато од својата врсничка додека бара помош од својата мајка по телефон, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството !!! @o_spasovski pic.twitter.com/AA2Ol4vErK
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) April 20, 2021
Ова е сериозен случај на тепање во кој учествуваа т малолетни деца и за кој раководителката на Центар за социјални работи Велес рече:
-Видеото го видовме и ние сме институција што по процесуирани пријави од страна на надлежни државни органи дава стручна помош. Во конкретниов случај, така како што е снимено на видеото кое што од синоќа кружи на социјалните мрежи, првично се препознаваат изливи на гнев, омраза и насилство на јавен простор. За жал од страна на малолетни деца. Мора да се открие причината за сите набројани негативни чувства и низ стручна помош од страна на тим составен од психолг, педагог и социјален работник, прво да се помогне како на детето кое тепа така и на натепаното дете, додаде раководителката Азиза Џини.
Пред три години, поточно на 13 април 2018, соученички брутално натепаа девојче во Неготинската гимназија. И тие беа малолетни. Тамошната тепачка беше за момче. Надлежните во Велес треба да ја утврдат причината што го предизвика тепањето на улица во кое учествуваат малолетници во Велес.
Убавка Јаневска